Портпаролот на СВР-Штип, Гордана Панајотова информира дека настанот се случил за време на викендот, а жената од страна на кучето била касната во пределот на ногата, по што неговиот сопственик го спречил да не продолжи да ја каса и да не и направи поголеми повреди.
Ваквите случаи се третираат како прекршок за сопствениците на кучињата, кои можат да заработат и казна, односно глоба од 100 до 400 евра.
Портаролот на Клиничка болница-Штип, Марина Шуманска вели дека за неполни два месеци во Клиничката болница лекарска помош побарале десетмина пациенти од источниот и југоисточниот регион, кои биле каснати од кучиња.