Штипското село Селце ќе добие спортско игралиште

Тоше Ѓеоргиев од Одделението за локален економски развој во општината изјави дека ќе се асфалтираат улици во должина од над еден километар и 200 метри, а средствата од три милиони денари се обезбедени од буџетот на општината.

– По завршувањето на овие улици, а кои се очекува да бидат готови следната недела, механизацијата се сели во селото Долани, каде што ќе има изградба на уште четири нови улици, бидејќи минатата година завршивме една улица од 1.000 метри и сега по барање на жителите на село Долани ќе се асфалтираат и останатите улици, истакна Ѓеоргиев.

Покрај спортското игралиште во Селце, планирано е ново спортско игралиште да добијат и децата од селото Лакавица, а ќе се реконструираат и отворените спортски терени во селата Чардаклија, Шашаварлија и во Општинското основно училиште „Тошо Арсов“ во населбата „8 Ноември“.

Маја Ашкилова, вработена во Општина Штип, информира дека од буџетот се обезбедени средства за изградбата и за реконструкцијата на повеќе спортски игралишта во градот и низ руралните подрачја.