Стив Бенон, поранешниот советнк на Трамп, се пријави за отслужување на затворската казна

Стив Бенон, поранешен советник на поранешниот американски претседател Доналд Трамп, пристигна во затвор во понеделникот за да отслужи четиримесечна казна откако беше осуден за непочитување на поканата од Конгресната комисија која го истражуваше упадот во Капитол на 6 јануари 2021 година.

Банон пристигна во федералниот затвор во Данбери, во сјокузната држава Конектикат, и им се обрати на новинарите и поддржувачите. Себеси се нарече „политички затвореник“.

„Горд сум што денеска одам во затвор. Не само што не се каам, туку и горд сум на она што го направив“, порача Бенон.

Со издржување на казната, Бенон би можел да остане затворен речиси до денот на изборите, на 5 ноември. Затворениците од федералните затвори немаат пристап до интернет или социјални медиуми, што му отежнува на Бенон да комуницира со обожавателите и поддржувачите преку неговиот подкаст „War Room”.

Бенон доби четири месеци затвор откако беше осуден во 2022 година по две точки од обвинението пореди непочитување на Конгресот затоа што одби да предаде документи и да сведочи пред Комитетот на Претставничкиот дом, во која доминираат демократите, што ги истражуваше немирите во Капитол, предводени од поддржувачите на Трамп.

Тие се обидоа да спречат конгресна потврда за изборната победа на Бајден во 2020 година, тврдејќи дека изборната победа му е украдена на републиканскиот претседател Трамп со пребројување на гласовите пристигнат речиси една седмица по одржувањето на гласањето, недавањето увид во пребројувањето на гласовите на претставниците на тогаш актуелниот претседател, неправедни одбивање на тужбите за изборите од судовите водени од судии демократ итн.

Бенон беше клучен советник во претседателската кампања на Трамп во 2016 година, а потоа служеше како главен стратег на Белата куќа во 2017 година, пред расправијата меѓу него и Трамп што подоцна беше надмината.