
Микаела Спилберг, посвоената ќерка на Стивен Спилберг на крајот на минатата недела сподели со јавноста вест дека ќе стане актерка во филмовите за возрасни.
https://www.instagram.com/p/B80n59DnsYw/?utm_source=ig_embed
Иако таа во интервјуто изјави дека родителите во тоа ја поддржуваат, се чини дека тоа сепак не е целосната вистина. Имено, според информациите на „The Sun“, славниот режисер не е воодушевен со нејзиниот избор на кариера.
https://www.instagram.com/p/B825_BEprNN/?utm_source=ig_embed
– Стивен и Кејт кои се сјајни родители и ги сакаат своите деца над секоја мерка, отсекогаш ја поддржуваа Микаела и се обидуваа да ја разберат. Сепак, се чувствуваат посрамено поради нејзиното ненадејно признание за работата во порно индустријата, изјави близок пријател на семејството Спилберг.