Стивнале украинските хакерски напади врз Роскосмос, по рускиот одговор

Интензитетот на кибернетичките напади од територијата на Украина врз дигиталната инфраструктура на руската вселенска агенција и нејзините оддели се во пад по серијата напади на руските војски врз украинските центри за сајбер-операции, додека продолжуваат нападите од другите региони во светот, соопштија во петокот од Роскосмос.

„Роскосмос забележа намалување на интензитетот на сајбер-нападите врз дигиталната инфраструктура на државната корпорација и претпирјатијата од ракетната и вселенската индустрија од територијата на Украина по серијата удари врз центрите за сајбер-операции. Нападите од другите региони во светот предолжуваат“, соопшти прес-службата на руската агенција за вселенски истражувања.

Претходно челникот на Роскосмос, Дмитриј Рогозин, извести за хакерски напади врз централната мрежа на корпорацијата и космичката група, но изјави дека безбедносниот систем на агенцијата автоматски ги одбива нападите.

Притоа истакна дека оневозможувањето на должноста на вселенскиот оддел на која и да е земја, би претставувало „казус бели“, односно причина за војна.

Претходно во четвртокот руското министерство за одбрана најави дека ќе изведе удари со оружје со висока прецизност врз технолошките објекти на украинската служба за разузнавање и на центарот на сајбер одделот во Киев со цел да се прекинат информатичките напади. Додаде дека од почетокот на борбите во Украина повеќекратно е зголемен е бројот на кибернетички напади врз разни руски владини институции од многу земји.