Стојаноска: Никој не може да ме убеди дека дебата во живо во Собрание може да се замени со онлајн

Мислам дека има и кривична одговорност има ако се прекршат правилата предвидени за болни од корона вирус. Ако некој е позитивен оди во изолација и нема тука простор за изнаоѓање на решение за доаѓање и слично, рече Дафина Стојаноска, пратеничка и член на Извршниот комитет на ВМРО-ДПМНЕ на гостувањето на телевизија Телма во емисијата „Вин вин“.

Според неа на пратениците им е даден мандат од граѓаните да одат во Собрание и да расправаат.

-Тоа е и уставна категорија. Уставот вели присуство и дебатирање, одлучување во Собрание, кажа Стојаноска.
Стојаноска посочи дека можеби и треба да се дизајнираат начини за работа на пратениците во одредени услови како на пример сега оваа со корона кризата.

-Но, не може никој да ме убеди дека директната дебата треба да се замени, тоа е клучот на нашата работа како пратеници, посочи Стојаноска.

Пратеничката Стојаноска укажа дека на координациите на пратеничката група на ВМРО-ДПМНЕ се функционира по сите протоколи со дистанца, распоред со договорено присуство и слично.

-Доколку сите се задаржиме на тоа, функционирањето е возможно, вели Стојаноска.