Стојаноска: Ништо не функционира во државава, за тоа има еден виновник, несериозно се однесува откако е ставен за министер за здравство

Пратеникот и заменик координатор на пратеничката група на ВМРО-ДПМНЕ и Коалиција „За обнова на Македонија“ Дафина Стојаноска во утринското гостување на Алфа телевизија истакна дека поради тенкото мнозинство на СДСМ треба да се менува половина Деловник за да се одржуваат седници онлајн.

Во државата поради оваа власт ништо не функционира, ситуацијата е излезена од колосек, виновник за тоа е Владата но и министерот за здравство Венко Филипче.

„Не е само парламентот тој кој што не функционира. Ништо не функционира во државава. А, да не кажам дека заради ситуацијата во која што сме дојдени има еден виновник, кој што несериозно се однесува, откако е ставен за министер за здравство, а да не зборувам за февруари оваа година“, појасни Стојаноска.

Додаде дека поради Филипче загрозено е здравјето на сите граѓани, не само на пратениците.

„Минатата недела бев на една дебата со една колешка од мнозинството која меѓу другото дали се излета или тоа е она што јас предупредувам дека ќе го злоупотребат велат, па зошто на пример да не Дафина еве утре ќе бидеме во некоја делегација во странство па ние од таму да се вклучуваме онлајн. Значи не е само корона да биде изговор за физичко неприсуство на седница“, истакна Стојаноска.