![Stojanoska Triling](https://i0.wp.com/netpress.com.mk/wp-content/uploads/2024/07/Stojanoska-Triling.jpg?resize=696%2C399&ssl=1)
Со ребалансот на Буџетот ќе се обидеме да избалансираме меѓу развојната и социјалната компонета, секојдневно работиме Македонија да биде економски независна држава, изјави во емисијата „Трилинг“ на Телевизија 24 емитувана во петокот вечерта пратеничката на владејачката ВМРО-ДПМНЕ, Дафина Стојаноска
Ребалансот на Буџетот од четвртокот е во собраниска процедура, а во врска со тоа Стојаноска истакна дека со тоа владата предводена од ВМРО-ДПМНЕ цека да се направи баланс меѓу развојната и социјалната компонента на законот, имајќи предвид дека развојната компонента, односно вложувањето во капитални инвестиции ја движат економијата на една држава, но сепак не треба да се изостави и социјалната затоа што минатата влада остави вработени во јавни институции без плати за четири месеци.
„Ќе се потрудиме, колку толку, со овој ребаланс да го направиме развоен Буџетот, но, за жал, мораме да внимаваме и за оваа компонента, бидејќи свесни сме дека минатите влади ги оставија без плати за четири месеци, на пример, вработените во Македонски шуми, во Македонски железници….“, рече Стојаноска.
Истакна дека, сепак, треба да се внимава и да се најде решение, односно баланс и подеднакво да се инвестира и во капиталните инвестиции како единствен спас за економски напредок на Македонија.
„Точно е дека мора да се внимава и на тој аспект и затоа дел, да не речам половина со половина, но да, ќе изнајдеме начин како да балансираме и со социјалниот момент во држава, но подеднавко да се фокусираме на капиталните инвестиции како единствен спас и единствено решение за да имаме економски напредок во државата“, истакна Стојаноска.
Стојаноска посочи дека во никој случај не ни следи должничко ропствo туку дека ова е почеток на дорба за економски напредок на државата и застанување на свои нозе без да имаме потреба од било какви позајмици, при што се надевам но и секојдневно работиме на тоа Македонија да биде економски независна држава.