Дафина Стојаноска, Член на ИК на ВМРО-ДПМНЕ денешниот протест пред Министерството за здравство го започна со едноминутно молчење во знак на 3.860 починати од кои само 50 се во последното деноноќие.
„Собрани сме денес овде по трет пат пред оваа зграда позади мене која има назив Министертво за здравство и за жал неа ја раководи министер за мото трки. Знам дека тој нема душа и срце да го разбере нашиот револт и нашиот ризик да протестираме во ек на најголема пандемија. Знам дека тој има срце и душа само за пусти пари, знам дека нема ни срам, нема ни жал, ни доблест да се извини или не дај боже да се повлече. Напротив тој дури проба да ја префрли или сподели одговорноста. Напротив тој си се вози со мотори низ Македонија, а Македонија мака мачи и плаче што е најстрашно и најпонижувачки друштво му прави и Зоран Заев“, рече таа.
Стојаноска во своето обраќање се осврна и на вчерашното возење со хелохоптер на Заев и Филипче и потенцираше дека Филипче наместо да е деноноќно во кругот на зградата на министерството за здравство тој си се вози со мотор низ Македонија.
„Во вторникот имав обраќање од гостиварската болница и побарав одговор дали е вистина дека нема кислород во гостиварската модуларна болница. Знаете што се случувало после тоа, сите критични пациенти од модуларната болница во 23 часот навечер ги префрлале на нервното одделение каде има кислород и кое функциониера како ковид одделение. Утредента веднаш го барале виновикот кој мене ми се пожалил. Зарем не гледа и не слуша Филипче дека сите се жалат и дека сите се во паника. И наместо да бара виновник на оние кои се жалат на кататрофалните услови за работа и за пациентите нека си се погледне нарцисот во првото огледало, таму ќе го пронајде најголемиот виновник за оваа состојба.Сега ќе му пренесам на Филипче друга молба од здравствен работник чијшто брачен партнер е опериран и заздравува од канцер. Ме моли и ме прашува што да направам кај да се потпишам ако не јас, барем болниот партнер да го вакцинирам. Можеби и овој јавен апел до Филипче ќе му помогне на овој здравтсвен работник, а како него има уште илјадници на кои вакцинирањето им е одложено за недоглед“, додаде Стојаноска.