Заев и Филипче стануваат сигурен тандем за смрт. Додека Македонија се претвора во касапана, двајцата тераат политикантство, пишува на Фејсбук Дафина Стојаноска од ВМРО-ДПМНЕ.
„Денес имаме жален биланс за државава: 53 новозаболени и 5 мртви од корона. И на ваков ден „Заевци” не пропуштија да играат на ниски страсти: Мицкоски вежбал, тестови имало малку повеќе од ич, помошта од Словенија не била за ВМРО, туку за владата… Демек некој отиде да ја земе за себе. И во ваков ден „караванот на смртта” врви, а тој носи дури 5 нови мртви од корона. Нема ништо поважно од животот на луѓето. Тоа е вистинската борба која треба да се води. Се’ друго е политиканство. И овој политички тандем станува сигурен билет за смрт. Жално, но вистинито“, констатира Стојаноска.