Стојаноски: 1.000 граѓани во Ѓорче Петров досега се потпишаа за Гордана Силјановска – Давкова

Пратеникот од редовите на ВМРО-ДПМНЕ преку статус на Фејсбук пишува дека за кандидатот на ВМРО-ДПМНЕ за претседателските избори во април, Гордана Силјановска Давкова досега се потпишале 1.000 граѓани.

„1.000 граѓани во Ѓорче Петров досега се потпишаа за Гордана Силјановска – Давкова !

Ова е сериозен показател за тоа што не очекува на 24-ти април и 08-ми мај.

Ќе биде убедлива, народна победа.

Силно ќе светне сонцето на слободата.

За горда и достоинствена Македонија !

Продолжуваме ! 🇲🇰“, стои во неговиот пост на Фејсбук.