Административците нема да добијат повисоки плати, синдикатите се излажани и покрај тоа што имаме буџет од 5,3 милијарди евра кој власта ќе си го подели меѓу себе и ќе си делат тендери во четири очи, изјави за „Што не е јасно“ на Алфа, пратеникот од ВМРО-ДПМНЕ Бојан Стојаноски, кој потенцираше дека власта најде начин да ги одбие амандманите на ВМРО-ДПМНЕ кои беа предлог на синдикатите за повисоки плати согласно инфлацијата и минималната плата.
„Пред околу десет дена со гласовите на опозицијата, шпест ‘за’ и нула ‘против’ и воздржани се изгласа амандман кој беше предлог на ССМ за покачување на платите на административците за 15 отсто согласност инфлацијата во државата и порастот на минималната плата. Потоа согласно деловник треба да заседава Законодавно правната комисија каде што овој предлог падна со 8 спрема 6, и административците нема да добијат покачување заради интересот на СДСМ само за да имаат буџет во кој ќе вклучуваат договори во четири очи“, рече Стојаноски.
Истакна дека 5,3 милијарди евра ќе потрошат за наредни 12 месеци, ќе си ги поделат меѓу себе, но за работниците имаше два амандмани кои ги одбија.
„Власта брутално ги лаже синдикалците и одбива да им обезбеди средства кои им следуваат при висока инфлација, поскапени цени на производи и поскапа струја“, посочи нагласи тој.
Во врска со американскиот тим за борба против корупција кој го најави американската амбасадорка, Стојаноски истакна дека добро ќе биде да се видат резултатите од неговата работа затоа што секојдневно се вадат афери на власта, но исто така ова значи катастрофа за државата.
„Тоа значи катастрофа и дека подолу од ова не може. ВО 30 години не дошло до ова ниво. Ние сме единствена држава во Европа каде што дошло да има ваква асистенција. Тоа што го кажа амбасадорката е голем срам за Македонија. Имаме судство со 8 отсто доверба, го имаме случајот со Абази, Дамева, началник на полиција вмешан во шверц, а во власта ги имаме истите луѓе. Овие кои се во влада треба да се замислат“, рече Стојаноски.
Посочи дека имаме држава во која корупцијата царува и е влезена во секоја порано, една работа не може да се заврши доколку не се поткупи некој од водечките луѓе.