Стојаноски: Ако нема корупција во првиот и вториот ешалон, тогаш во кој ешалон спаѓаат Рашкоски, Дончев, Димова, Стојчев и Јанева?

Ветувавте брз влез во ЕУ, потпишувавте договор секаде без никаков реципроцитет, исполнувавте барања на сите и се она кое што ќе побараат, сменивме име затоа што вие уверувате дека брзо ќе влеземе во ЕУ, требаше нели да добиеме бесплатно здравство, вакцини, дека само што не сме влегле во ЕУ во 2018 година ставивте слика каде што напишавте дека сте добиле датум, рече пратеникот од ВМРО-ДПМНЕ Бојан Стојаноски на денешната собраниска седница.

Во јуни 2019 година на една ваква седница кажавте дека џабе ние на нас што и да зборуваме, вие сте добиле датум, а можевме да видиме во текот на изминатите денови дека не само што не сме добиле датум и не само што нема да добиеме датум затоа што добивме вето за договор кој што вие го потпишавте, му посочи Стојаноски на Заев и го праша дали со ветото од Бугарија завршиле надежите на Заев за амбициите во ЕУ и дали Мини Шенгенот е всушност замена за влез во ЕУ.

Во однос на изјавите на Заев дека нема корупција во првиот и вториот ешалон, па криви се службениците, Стојаноски праша во кој ешалон спаѓа Драги Рашковски, Дончев, екс градоначалникот на Ново Село Стојчев, Јанева, Ременски и Кирацовски.

Би сакал директно да ве прашам кој ешалон беше Драги Рашковски, кој ешалон беше Александар Кирацовски, Лидија Димова, Боро Стојчев, Ден Дончев, Фросина Ременски и Сенад Смаиловиќ? Кој ешалон беше Катица Јанева, праша Стојаноски.

Стојаноски во однос на реформите во образованието ја праша дали планира да се откаже од реформата која што ја планира, бидејќи за овој нов концепт ниту се знае колку надворешни соработници ќе се вклучат, а ниту пак родителите на само еден месец пред почетокот на учебната година не знаат дали воопшто ќе започне и по мој концепт и на кој начин би била организирана.

Законот за учебници го повлековте, не знаеме колку ви чинела дигитализацијата, колку надворешни соработници ќе треба да бидат ангажирани и на каков начин ќе се реализира овој проект за имплементирање на концепцијата во образованието. Еден месец имаме до почетокот на учебната година, родителите немаат поима по кој концепт ќе почне учебната година, немаат поима дали воопшто ќе започне и на кој начин ќе биде организирана, вели Стојаноски и додаде:

Директно сакам да ми одговорите дали ќе се откажете од оваа реформа која што ниту еден реален контрибутор во сферата образование не ја отпоздрави, освен оние ваши платеници, ја праша Стојаноски, Царовска.