Однесувањето на министерката Царовска е проблем кој месец и половина е присутен во македонското општество и нејзиното однесување укажува на генезата на тие функционери дека нив ги интересира личниот рејтинг, личното богатење. Онаа ароганција која што ја прикажува Царовска спрема родителите мене ми е толку невксуна и толку надвор од она кое јас би го карактеризирал како нешто соодветно. Царовска е на неколку високи функции во изминативе години, министер за социјална политика, вицепремиер за економија и сега министер за образование. Јас би ги повикал граѓаните да се сетат на три проекти кои што биле успешни во нејзниото водење на тие ресори. Нема. Оваа мерка е радикална како прво, а како втора арационална затоа што оваа мерка доаѓа директно во насока на созбивање на националениот идентитет на македонскиот народ , а потоа и на сите етникуми кои живеат во оваа држава, истакна Бојан Стојаноски, пратеник во Собранието на Република Македонија од ВМРО-ДПМНЕ во своето гостување во емисијата „Филибастер“.
Стојаноски во текот на своето гостување потенцираше дека поради ароганцијата која ја има Царовска спрема родителите сега тие ќе организраат референдум каде народот преку гласање ќе се искаже дали оваа мерка на Царовска за дигитиализација во образованието е добра мерка.
-Денеска видов прес конфренција на пратеничка, истата која беше донесена во скафандер во Собрание каде она обвинува каде ние протестираме, стоиме позади тие родители, и можам да кажам дека многу греши, многу грешат што ги навредуваат оние кои се најзасегнати. Прво протестите не ги организира ВМРО-ДПМНЕ, второ тоа се родители кои се загрижени и кои заради таа ароганција на власта, сега ќе им организираат референдум каде народот на Република Македонија преку непосредно гласање ќе им каже дали оваа мерка е добра мерка, кажа пратеникот.
Тој исто така укажа на две работи кои се кријат позади оваа реформа на министерката за образование, Царовска.
-Позади оваа мерка прво се кријат двете работи. Првата е пари и тоа е лајт мотивот на сите овие функционери од власта и не дадоа одговор на прашањето дали позади овој процес на дигитализација се крие бизнис со фирми од Хрватска кој тежи 125 милиони евра. Второто е редефинирање на македоснкиот национален идентитет односно тоа е како обврска која го има земено оваа влада од моментот кога е стапната на „Илинденска“, додаде Стојаноски.