Синиша Стојаноски, претседател на Комисија за здравство на ВМРО-ДПМНЕ преку отворено соопштение го повика министерот за здравство Венко Филипче јавно да дебатираат сите заедно за здравството, а не тоа да го прават по „тела“.
-Почитуван Министре, деновиве го повикавте ВМРО-ДПМНЕ, цитирам „да учествува и да ја следи работата на сите работни тела вклучени во проектот за изградба на нов клинички центар“.
Како што веќе се информиравте, доцна е во овој момент и во оваа фаза да не повикувате. Доколку искрено сакавте наше мислење, ќе не консултиравте кога го поништувавте веќе готовиот постоечки проект, а не сега, post festum, кога веќе си одлучивте Вие што сакате да правите.
Зошто не повикувате сега? Дали можеби за да Ви бидеме алиби?
На крајот на денот, зошто го повикувате само ВМРО-ДПМНЕ, а не и останатите политички партии и релевантните субјекти од економскиот и финансискиот сектор?! Дали сте свесни за колкава сума на пари за кои ке се задолжи Републија Македонија се работи??? Колку со тоа ќе се задолжи секое семејство???
Но нејсе, почитуван министре, здравството е неисцрпна тема….
Нездоволни граѓани, пред сè и над сè има многу. За нив нема ниту навремени, ниту соодветни услуги. Дали е тоа можеби поради разнебитувањето и систематското поткопување на темелите на јавното здравство??
За времето на вашето министерување се изнаслушавме за “грандиозни и фамозни” проекти (дел од нив превземени од ВМРО-ДПМНЕ што донекаде ви е и легитимно…..бевте советник во предходниот состав), за дискутабилни, нелогични и во најмала рака сомнителни тендери , за пропаднати тендери итн…..
Кога сме веќе кај новиот клинички центар, се поставува јасно и гласно прашањето (дали и зошто со цена најмалку 3 пати повисока од предходниот проект, и тоа без каматите), дали Вие (без јасно, прецизно и детално дефинирано проектно решение) можеби самиот го најавивте реализирањето на “најголемиот грабеж” од независноста на Република Македонија??? Дали….дали….дали???
Нов клинички центар со позајмица од комерцијални банки со високи камати (наместо кредит со ниска каматна стапка од Европската банка за обнова и развој) па тоа не го прават ни земји кои се 10 пати побогати од Република Македонија.
Чисто за ваша информација, проверете колку чинат модерните клинички центри во нашето најблиско соседство…..потполно опремени, веќе операбилни и целосно функционални и ќе Ви стане јасно каде е проблемот.
За време на вашето министерување слушнавме и за физибилити студии за јавно приватно партнерство и некаква си “централизација” во лабораториите, итната медицинска помош, стерилизацијата… и што ли уште сè не….
Каков е резултатот?!
Дали и зошто првиот проект, како што Вие самиот милувавте и си го нарековте „јавно приватно партнерство во детската кардиохирургија“ пропаѓа?? Зошто??? Јавноста треба да знае.
Е да, се пофаливте со дури едно возило за Итна медицинска помош за градот Охрид, а пролетва набавивте вкупно 12 возила, од кои едвај 6 за градот Скопје. Знаете ли колкава беше набавката на возила за оваа служба во времето на ВМРО-ДПМНЕ? Ни помалку, ни повеќе, туку 69 возила комплетно опремени со дефибрилатор, екг и други неопходни апарати за брза интервенција, од кои за градот Скопје беа наменети онолку колку што вие сега вкупно набавивте за цела територија на Република Македонија. Значи сепак систематски и одговорно РАБОТЕЛО ВМРО-ДПМНЕ во МЗ и пред Вас!!!
Дали можеби Вие знаете и практикувате некаква поинаква математика? Или можеби нашиот претседател, кој што милува математика, треба да не научи дека вашите 12 возила се повеќе од 69 возила на ВМРО-ДПМНЕ? Еве не знам….одговорете Вие.
Почитуван Министре, имаме многу теми за разговор. Ајде наместо задкулисно и далеку од очите на јавноста, скриени по таканаречените „работни тела за новиот клинички“ да разговараме и дебатираме без ракавици и пред очите на јавноста. Јавноста треба и има право да биде запознаена!!!
Да ги вкрстиме фактите и аргументите. Доста беа гостувања во кои сами држите монолог и предавања со водител на телевизиска емисија и со однапред договорени прашања.
Ајде да дебатираме заедно! Одберете медиум, време и формат за дебатирање. Наназад најмалку 6 месеци Ве повикуваме на дебата 1:1, но еве до денес Вие не се одваживте.
Затоа сега ве повикуваме Вас и вашиот заменик, или всушност одберете си кого Вие милувате, во формат 2:2, или уште подобро, отворете широка дебата на која ќе ги поканите и останатите политички субјекти. Така е фер, и така е правилно. На крајот на денот, не е клиничкиот центар ексклузивитет ниту на СДС, ниту пак на ВМРО-ДПМНЕ.
Имате премногу отворени горливи прашања и теми…..премногу дали, а премалку одговори…..1000 зошто, а премалку затоа….
Одважете се!!!
На крајот, дебатираме и работиме за граѓаните и во интерес на граѓаните и тие заслужуваат и треба да не слушнат!!!
Со почит,
Синиша Стојаноски,
претседател на Комисија за здравство на ВМРО-ДПМНЕ, стои во постот на страната на Комисијата за здравство.