5.8 C
Skopje
петок, ноември 29, 2024

Стојаноски: Играчот којшто Богдановиќ наводно го сместувал во хотел сред полициски час, играл за Работнички уште на 17 април

Новиот играч на Работнички Аска, првпат игра за Работнички на 17-ти април на мечот во СРЦ Кале против Гостивар каде го има во официјалната статистика. Тој е играчот кој требаше да му биде алиби на Богдановиќ за кршењето полициски час, кога беше фатен како седи сам во затворена кафеана која само за него работи. Но како и на Заев, така и на Богдановиќ муабетите им држат неполни 24 часа. Ова е извадок од листа на играчи кои дале кош, а тука е името и на Аска, ова денеска преку изјава за медиумите го истакна Бојан Стојаноски од ВМРО-ДПМНЕ.

-Богдановиќ да каже, како тоа го сместувал Аска, кој четири дена претходно веќе играл за Работнички, ако рогаш го сместувал, каде престојувал Аска тие четири дена, кај него дома или во друг хотел? И зошто преместувањето од едно во друго престојувалиште го правеле во полициски час? Или сепак не се работи за сместување, туку за алиби за кршењето на законите? Молчи Богдановиќ, ама молчи и Пазарна инспекција, ја нема да излезе на терен, и да утврди дали и зошто кафеаната работеше за Богдановиќ и како тој се шеташе во полициски час? Го нема ниту МВР, а ниту директорот на БЈБ, вели Стојаноски.

Тој додава дека сите молчат, затоа што Богдановиќ, миленикот на Заев е фатен во дупло кршење на законите.

-И наместо да си поднесе оставка и да се извини, Богдановиќ молчи, и мисли дека јавноста ќе заборави. Не Богдановиќ, јавноста нема да заборави, зошто секој ден умираат 30-тина наши сограѓани и уште илјада се заразуваат, а вие се забавувате по кафеани, нема да заборави затоа што нема вакцини, а вие отворате кафеани во полициски час. Нема да заборави, затоа што 4.600 луѓе веќе не се помеѓу нас. Оставка веднаш, потенцира Стојаноски.