– Да, точно е дека е светска пандемија, ама секоја држава индивидуално имаше одговорност да го заштити сопственото население. Тоа може да го видиме дека се случува во сите земји, тоа се случуваше и при појавата на првиот бран, а она што ивидентно се привлекува низ целиот тој период е дека Република Македонија нема системски мерки, односно системски не го решава проблемот туку решаваат со атхоп мерки, од типот купи ден продај, односно да се купи мир. Не можете да не побарате оставка од министер и комисија за заразни болести кога по апсолутни бројки, вие сте лидери и во светот и по регионот на луѓе кои што се заболени и луѓе кои што го имаат загубено сопствениот живот, изјави Бојан Стојаноски, пратеник од редовите на ВМРО-ДПМНЕ во своето гостување во емисијата „И што сега“, на националниот сервис МРТВ.
– Еве дозволете ми вака само како компарација да дадам, во Полска има 38 милиони жители а има вкупно 1900 луѓе кои што го загубиле сопствениот живот, а тамошниот министер за здравство си поднесе оставка, па се поставува прашањето што може да се случи во Република Македонија за да Венко Филипче и оваа политичка комисија за заразни болести си поднесат оставки. Евидентно е дека ние добро не се справуваме со коронавирусот. Во здравствениот апсект ние тотално потфрливме и ни се случува комплетно фијаско, потенцираше тој.
– Да, јас се согласувам дека граѓаните треба да ги почитуваат мерките, на крајот секој индивидуално е одговорен, ама неможете секој пат кога ќе потфрлите да ја префрлате вината на граѓаните. Граѓаните не се експерти по епидемиологија, не се експерти за пандемија и треба некој стручно да ги води. Едноставно, вие не можете да креаирате атхоп решение кое што вие на отворено ќе носите маска, а кога ќе влезете во угостителски објект да ја симнете маската. И кажете ми која е логиката вие кога ќе влезете во теретана, да не носите маска, место каде што е затворен просторот, каде што се тесни соодносите со луѓето а кога ќе излезете да ставите маска, вели Стојаноски.