Милионски тендери се даваат со преговори во 4 очи, без конкуренција и без спуштање на цени. Владата на СДСМ и во парламентот и пред граѓаните ветуваше транспарентност, а 5 години гледаме како без никакви основи трошат милиони, а ДКСК и Државниот завод за ревизија молчат, изјави денеска пратеникот од редовите на ВМРО-ДПМНЕ Бојан Стојаноски.
Во продолжение интегрален текст од изјавата на Стојаноски:
Владата и институциите се нетранспарентни и неотчетни. Милионски тендери се даваат со преговори во 4 очи, без конкуренција и без спуштање на цени.
Владата на СДСМ и во парламентот и пред граѓаните ветуваше транспарентност, а 5 години гледаме како без никакви основи трошат милиони, а ДКСК и Државниот завод за ревизија молчат.
Институциите кои треба да ги гонат евентуалните незаконитости не ни помислуваат да отворат постапка.
Секој 4 ти тендер во ЕЛЕМ е без конкуренција. 4 милиони евра народни пари од ЕЛЕМ се потрошени со договори во 4 очи, и тоа само во период од 6 месеци оваа година, од јануари до јуни.
И сета оваа нетранспарентност во претпријатието кое сега не може да обезбеди доволно струја, што му е основна дејност, туку купува скапа струја десеткратно поскапа од странство.
Дополнително се поставува прашањето, колку од овие тендери во четири очи завршиле со провизија на Вице Заев, за кој прочитавме во писмото од Бојан Јовановски до Зоран Заев, дека ги рекетирал фирмите добитници на тендери во РЕК? Колку од овие 4 милиони во 4 очи завршиле кај Заевци, и дали тоа е причината што немало тендери, туку се се договарало директно?
Институциите кои се должни да внимаваат на законитоста, но и да постапат кога таа се крши да реагираат. Состојбата на незаконие нема долго да трае, а потоа и тие ќе треба да дадат одговори зошто молчеле и непостапувале, а со тоа прикривале, рече Стојаноски.