Стојаноски: Наумоски не дозволува советниците од ВМРО-ДПМНЕ да одржуваат средби со граѓани во општински простории

Наумоски не дозволува советниците од ВМРО-ДПМНЕ да одржуваат средби со граѓани во општински простории, обвинува пратеникот Бојан Стојаноски.

Во продолжение го пренесуваме неговиот Фејсбук статус:

Кога компасот тотално ќе биде изгубен ! Преку координаторот на советничката група Славчо Мисајлески со официјален допис побаравме од општината да ни дозволи да ги користиме просториите на месните заедници за потребата на советничката група (средби со граѓани) и бевме одбиени со образложение дека до изборите нема да можат да се користат просториите на МЗ заради протоколите Ковид 19 (слика 1).

И тоа е така само за ВМРО – ДПМНЕ и опозицијата, ама не и за власта. На другата слика може да се види како Александар Наумоски – градоначалник на општина Ѓорче Петров уште помалку од 60 дена на 21-ви март гласа на внатрепартиски избори во просториите на една од МЗ (слика 2).

На 21-ви март имавме 642 нови случаи и 25 починати лица.

Утредента прогласија полициски час.

Ама тогаш можеа да се користат за СДСМ и Заев ама нема да можат сега кога има локални избори.