Стојаноски: Предложениот Буџет е инфлаторен и нема никакви контури за стабилизирање на економијата

Предложениот Буџет е инфлаторен и нема никаква контура на стабилизирање на економијата. Ние донесовме закон за буџет консезуално во кој кажавме дека дефицитот ќе биде ограничен на 3 отсто, тоа беше пред месец дена а сега имаме буџет пред нас со 4,6-процентен дефицит што фактички значи дека владата што си го донесе законот не си го почитува“, рече пратеникот од редовите на ВМРО-ДПМНЕ, Бојан Стојаноски, во вечерашното гостување во дебатната емисија „24 Анализа“ на Телевизија 24.

Стојаноски потенцираше дека Буџетот е инфлаторен, затоа што кога има инфлација од 20 отсто во државата, тогаш многу треба затегнување на буџетските расходи, а во овој буџет такво нешто не се гледа.

„Овој буџет е 75 проценти поголем од оној кој го донесоа во 2017-тата година. Сега имаме планирано повеќе приходи за 700-тини милиони евра претходната година тоа е совршена можност заради инфлацијата кога ќе пренесете повеќе приходи да соберете да го стабилизирате буџетот наместо да ги ширите расходите да ги стесните и на тој начин да се дојде во ситуација на суфицит затоа што сега е возможно“, вели Стојаноски.

Додаде дека не може да кажеме дека имаме квалитетен буџет кога клучните чинители во општеството двата репрезентативни синдикати КСС и ССМ се против на начинот на кој е поставен буџетот и при тоа не се консултирани коморите и организација на работодавачи.

„Во овој Буџет може да се види дека нема институција во која не се покачени стоките и услугите, договорните услуги има многу институции кои имаат зголемено ставки во однос на буџетот од претходната година, за набавка на мебел и возила. Има доста институции кои покачуваат во ставката на плати не за покачување на платите туку за примање на нови вработени и така се создава инфлаторен буџет. Овој буџет од 5,3 милијарди е инфлаторен буџет“, рече Стојаноски.