По десеттина дена молк пратениците на СДСМ и ДУИ во текот на вчерашниот ден се одважија и без срам ги одбија предлозите на ВМРО-ДПМНЕ и Коалицијата „За обнова на Македонија“ за помош на граѓаните.
Имено, со нашите предлог мерки се предвидуваше финансиска поддршка од 3.000 денари месечно до крајот на април за сите самохрани родители, сите средношколци, сите пензионери, сите невработени лица кои се активни баратели на работа, сите деца без родители и родителска грижа и сите корисници на гарантирана минимална помош.
Пакетот што го достави Владата до Собранието не е над 300 милиони евра, туку помалку од 20 милиони евра, а голем број на граѓани се заборавени.
Во услови на галопирачка инфлација од 20%, кога храната е поскапена за над 30%, буџет од 5,3 милијарди евра за идната година, сметаме дека е навреда пратениците од власта да не соберат храброст барем на лицата со телесни оштетувања да им се зголеми поддршката од 750 на 1500 денари.
Пратениците на ДУИ и СДСМ не се народни претставници, туку се слепи послушници на Владата. Трагични се сцените од вчерашната Комисија за финансирање и буџет кога колегите од мнозинството не убедуваа дека не треба да им се обезбеди финансиска поддршка на средношколците, децата без родители и родителска грижа, невработените лица и корисниците на гарантирана минимална помош. Стотици илјади граѓани власта ги игнорира и ќе биде тешко, но многу брзо ќе дојде денот кога секој еден од нас ќе има можност да го каже своето мислење и да ја прати оваа најнеспособна Влада долги години во опозиција додека не научи од своите грешки, рече Бојан Стојаноски, пратеник на Пратеничката група на ВМРО-ДПМНЕ и коалицијата „Обнова за Македонија“.