![bojan stojanoski vmro](https://i0.wp.com/netpress.com.mk/wp-content/uploads/2020/06/bojan-stojanoski-vmro.jpg?resize=603%2C375&ssl=1)
Во проектот „Обнова за Македонија“ се обврзуваме на силна градежна офанзива низ цела држава, тоа значи дека ќе прошириме, рехабилитираме и реконструираме над 1000 километри магистрални, регионални и локални патишта, истакна Бојан Стојаноски, кандидат за пратеник на ВМРО-ДПМНЕ.
„Општината Ѓорче Петров во програмата на наредната влада на ВМРО-ДПМНЕ на Република Македонија ќе биде силно застапена подеднакво како што беше и претходниот пат.
Помните дека Владо Мисајловски, сегашниот носител на ИЕ2, тогашен министер за транспорт и врски помогна да се заврши проектот од 33 улици во Волково, како и да се заврши фекалната канализација проект кој што до сега не е завршен.
Новата влада на ВМРО-ДПМНЕ сериозно ќе и помага на општината Ѓорче Петров, за да ја направиме општина која што нема да има неасфалтирана улица и општина што ќе ги реализира сите проекти во оваа комунална дејност“-истакна тој.