Стојаноски: Се прави ребаланс на Буџет донесен од СДСМ и ДУИ од кој предизборно се испумпани милиони евра

Продолжува дебатата за Ребалансот на Буџетот за 2024та година. Планот е истиот, да се донесе во втората недела од август по што ќе започне консолидацијата на затегнатите состојби. Да потсетиме дека ова е Ребаланс кој се прави на Буџет донесен од страна на СДСМ и ДУИ од кој предизборно се испумпани милиони евра, а граѓаните се целосно заборавени, изјави Бојан Стојаноски, пратеник на пратеничката група на ВМРО-ДПМНЕ и коалицијата „Твоја Македонија“

Новата Влада предводена од ВМРО-ДПМНЕ за краток период успеа да направи Ребаланс на Буџетот и да обезбеди средства за реализација на клучни предизборни ветувања. 1. Предвидени се 100 милиони евра за бројни капитални инвестиции во секоја општина во Македонија. Идната година овој износ ќе го дуплираме. 2. За пензионерите испорачуваме 2500 денари повисока пензија секој месец почнувајќи од септември. Веќе од март 2025та предвидуваме дополнителни 2500 денари со што го реализираме ветувањето за 5000 денари повисока пензија за оние кои ја изградија државата. 3. Медицинскиот кадар мора да го задржиме дома. Токму затоа на младите специјализанти кои се иднината на нашето здравство им го решаваме работниот статус и 600 луѓе ќе добијат вработување со достоинствени примања. 4. Ја прошируваме позитивната листа на лекови. Во текот на следниот период ќе се направат последните анализи и за многу брзо ќе имаме современа и побројна позитивна листа на лекови за македонските граѓани.

Ова е само мал, но значаен дел од реформите кои ни претстојат во следниот период. Владата предводена од ВМРО-ДПМНЕ ќе продолжи со засилен интензитет и во следниот период да ги испорачува предизборни ветувања со цел подобрување на условите за живот на сите категории граѓани.