Бојан Стојаноски, пратеник во Собранието на Република Македонија од ВМРО-ДПМНЕ во своето гостување во емисијата „Филибастер“, зборуваше за аферата „Мафија“ и потенцираше дека од Владата се уште молча,т односно не даваат одговор дали Седат Пекер присиствувал на состаноци во Владата.
-Најекспдитивно се обидоа да ја дефокусираат аферата „Мафија“ односно повторно по кој знае кој пат на најнеспособниот министер за внатрешни работи се обидоа да му ја продолжат кариерата, уапсија ситни риби односно службеници кои немале ниту можност ниту некаква моќ тоа да го сработат. Ние прашавме неколку пати, но не ни беше одговорено дали Седат Пекер еден од тие кои добиле пасоши бил на состаноци во владата? Потоа владата се обиде некако тоа да го демантира, не одговори. Но, човекот си кажа дека бил на средба со македонскиот премиер и се пофали дека има многу познаници во Македонија. Неколку работи кои се важни за тој случај, прво имал полициски обебзбедување, кој тоа го дозволил? Не може секој во оваа држава да има полициско обезбедување, за тоа постои проавилник. Потоа што е тој човек толку важен за да има полициско обезбедување и секаде да се движи непречено. Понатаму како може човек кој што бил протеран од државата, по три дена да се врати, да ја најде полициската станица во Драчево и слободно да се фотографириа под индентитет кој што е лажен и кој има адреса во Чаир, рече Стојаноски.
Пратеникот во текот на своеот гостување во врска со целиот овој случај запраша колку лажни идентите има во државата и дали тие лажни идентите го решаваат победникот на сите избрни случувања наназад?
-Сето ова укажува дека Седат Пекер бил во контакт со многу сериозни полициски структури, а многу важно прашање кое во првиот момент пробаа да го дефокусираат колку вакви лажни идентитети ние имаме во државата. Дали тие идентите го решаваат победникот на сите изборни соочувања наназад. Тоа е многу важно прашање кое истражните органи треба да дадат одговор, а до сега не го даваат, додаде тој.