Стојаноски: ВМРО-ДПМНЕ вети и оствари, 5.000 денари покачување на пензиите од септември и март

-ВМРО-ДПМНЕ им честита на над 300.000 пензионери, тие конечно можат да бидат спокојни, премиерот Христијан Мицкоски и владата донесоа одлука за линеарно зголемување на пензиите за 5.000 денари. Покачувањето на пензиите за 5000 денари беше едно од главните ветувања на ВМРО-ДПМНЕ во изборната кампања, и тоа е остварено веќе во првата недела од мандатот на владата, изјави нас прес конференција, Бојан Стојаноски, пратеник од ВМРО-ДПМНЕ.

-Покачувањето ќе се реализира во два наврати. Првото покачување од 2.500 денари пензионерите ќе го добијат во септември. Тоа ќе биде трајно и линеарно, додека второто ќе го добијат во март идната година, кое исто така е трајно и линеарно.

Пензионерите никогаш повеќе нема да бидат лажени со еднократна помош која се продаваше како покачување од страна на СДС и ДУИ, ниту пак со ситни покачувања. Пензионерите се работната генерација од пред 60, 50 или 40 години, тоа се луѓето кои ја граделе државата каква што е денес и тие ја заслужуваат нашата почит и мора да имаат достоинствен живот. ВМРО-ДПМНЕ вети и оствари, рече Стојаноски.