Стојаноски за понудата на Заев: Преговори со мафија нема, ќе ги поразиме на избори

Три дена после оној циркус со мнозинството каде што фанфареа по медиумите дека стабилно мнозинство стигна онаа понуда од Зоран Заев за Влада за национален спас. И тука се наметнува она прашање како по четири години премиер кој што ја управува Владата, ја донесе до земјата до стадиум да има национална Влада за спас тогаш можеме да видиме и да направиме ретроспектива на неговото владеење. И ставот на ВМРО-ДПМНЕ е јасен преговори со мафија нема, ќе ги поразиме на избори, и понатаму ВМРО-ДПМНЕ ќе состави Влада која што ќе ја води оваа држава и ќе ја извади од целата криза во која што се наоѓа овој период, рече Бојан Стојаноски, пратеник од редовите на пратеничката група на ВМРО-ДПМНЕ и Коалицијата „За обнова на Македонија“.

Стојаноски додаде дека изгласувањето на доверба на Заев пред неколку дена тоа беше чин само да се дисциплинира владејачкото мнозинство.

– Откако тој ден се изгласа мнозинството, утредента немаше кворум во Собрание за да може истото да функционира. Да ве потсетам пред тоа над 22 дена ние немавме седница во Собранието. Тоа мнозинство не е функционално и тоа се гледа секој ден по работата во Собранието. И денеска после ова гостување ќе имаме ние седница во 12 часот, па ќе го провериме тоа мнозинство дали е така стабилно или дали повторно ќе има проблеми со создавање на кворум за функционирање на самите седници, појасни Стојаноски.

Стојаноски посочи дека ВМРО-ДПМНЕ разговарало, разговара и ќе разговара со пратеници кои што не се согласуваат со политиките на ова владејачко мнозинство и на Зоран Заев. Проблемите во владејачкото мнозинство се до таа мера изразени да имаат самите проблем да свикаат во Собранието седница или да создадат кворум не заради тоа што пратениците на опозицијата не се присутни туку поради дисонантни тонови од владејачкото мнозинство едноставно не можат да се договорат кои точки ќе бидат на Дневен ред и дали денеска ќе присуствуваат за да може Собранието полноправно да одлучува.