Стојанов со нова провокација: На Македонци им нуди по 300 евра да си го променат презимето

Контроверзниот Виктор Стојанов, претседател на бугарската фондација „Македонија“ која во македонската јавност важи за организација со негаторски ставови кон Македонија и македонскиот народ и историја, продолжува со своите провокаации. Тој сега им нуди на семејства од Македонија по 300 евра награда доколку го променат презимето и наместо „вски“, да завршува на „ов“ или „ев“.

Во својата објава, Стојанов додава дека македонските граѓани треба да ја контактираат бугарската фондација.

Пред десетина дена тој самиот објави и изрази револт од тоа што му бил забранет влез во Македонија на неодредено време.

„Нема причина да не ми биде дозволен влез во земјата. Немам ни казна за непрописно паркирање, но ете сум непожелен. Во РСМ имам спроведено над 500 хуманитарни иницијативи, се обидов да му помогнам на Скопје побрзо да влезе во ЕУ, како и да ги зближам двата народа. Наместо благодарност, добив забрана. Со ова ќе ги запознаам Европската комисија против расизам и нетолеранција (ЕКРИ) при Советот на Европа. На овој начин работите нема да останат незабележани“, рекол Стојанов за бугарска „Лупа“.