Стојановски: Кластерот „Геријатрија“ го демантира Филипче дека епидемијата со корона е под контрола

одека владата на СДСМ и нејзините челници прогласуваат успешно справување и т.н. „победа” во борбата против пандемијата со ковид-19, во здравствената установа Геријатрија – Скопје, имаме детектирано нов кластер, а власта тоа го релативизира, реагираат од ВМРО-ДПМНЕ.

„Во здравствената установа Геријатрија – Скопје за неколку дена има околу 17 ново заболени. Од Специјализираната болница 13 Ноември во Скопје, позната уште и како Геријатрија – Скопје, во официјалното соопштение велат: Веднаш е постапено согласно протоколите, за изолирање на болните од останатите пациенти и спроведување на епидемиолошка анкета на вработените за спречување на ширење на инфекцијата како и мерки за дезинфекција. Прашуваме зошто и како, ако веднаш е постапено според протоколите, имаме случај на интрахоспитална ширење на заразата и зошто бројката за неколку дена достигнува 17 лица заразени со корона вирусот?“, рече на деншната прес-конференција Синиша Стојановски од ВМРО-ДПМНЕ.

Тој вели дека ова покажало оти системот е нефункционален и бараат власта да ги објасни причините за тоа како дошло до нов кластер.