Стојановски: Во Сарај не се направи буквално ништо, граѓаните не гo почувствуваа „животот“ што го ветуваше СДСМ

Во Сарај не се направи буквално ништо, граѓаните не ги почувствуваа бенефициите кои власта ги ветуваше, нивниот лидер и таа партија. Затоа што не видоа ништо од „животот“ во Македонија кој беше ветуван. Нема 500 евра плата, ги нема оние ветени проекти за Сарај и за останатите места, затоа што на оваа власт и премина во навика да ги лаже граѓаните и да не ги остваруваат оние проекти кои ги ветуваа, вели во интервју за Курир претседателот на ОК на ВМРО-ДПМНЕ – Сарај Мартин Стојановски.

Жителите на Сарај не го почувствува животот, затоа што сите проекти кои што беа ветени за Сарај не се реализирани, вели Стојановски.

Во однос на актуелните случувања, Стојановски вели дека општинскиот комитет како и самиот тој како член на централниот комитет, граѓаните на Сарај и членовите апсолутно ја даваат поддршката на раководството на ВМРО-ДПМНЕ и на лидерот Христијан Мицкоски и тука не треба да има дилема. Сите делегати што ќе излезат во иднина ќе ја дадат комплетно поддршката на претседателот и на раководството.

Целото интервју со претседателот на ОК на ВМРО-ДПМНЕ Сарај погледнете го во продолжение