Што е вашата свекрва во хороскоп? Ако е Лав, слободно заплачете…

Од мила и пријатна личност, која постојано ви се обраќа со насмевка, одеднаш таа жена која го родила вашиот прекрасен сопруга се претвора во „мало чудовиште“.

Таа неменлива, често и клучна „состојка“ на врската или бракот, се појавува кога најмалку ќе се надевата, тука е секогаш кога не  е потребна и обратно. Прочитајте го астролошкиот профил на вашата свекрва, можебите ќе ви дојде некоја идеја како може да ги смирите страстите и да воспоставиме рамнотежа во односот со неа.

Овен

Како прв астролошки знак, така и во животот на своето дете сака во се’ да остане прва и најдобра – засекогаш. Таа постојано е во движење и полувоена состојба. Страшно сака да наредува, па кога ќе ги среди сопругот и децата, на ред ќе дојдете и вие. Тука нема помош.

Совет: Со неа најдобро е да се борите така што ништо нема да сфаќате сериозно, а по нејзиното излагање секогаш додате нешто иронично. Не ја подвиткувајте опашката.

Бик

Таа е неверојатно опасна за луѓето со тенки нерви. Сака во се’ да се меша, ќе ве советува за се’ – храна, облекување, пари, па и за секс. Постојано ќе биде говори дека сака се’ што сакате вие, а потоа зад ваш грб ќе направи сосема нешто друго. Неописливо е тврдоглава и не попушта ни за милиметар.

Совет: Против неа е најдобра тактиката: не попуштајте и надевајте се дека нејзината сила ќе трае пократко од вашата.

Близнаци

Оваа жена има неуморлив јазик и е во состојба да избезуми секого. Прво итро ќе се притаи, ќе ја сними ситуацијата, ќе ги воочи вашите болни точки, а потоа „ќе ви го спушти“. Сака да се меша во апсолутно секој аспект од вашиот живот. Од друга страна, на неа никогаш не можете да се потпрете.

Совет: Од неа нема никогаш да добиете совет како се чисти или подготвува, пере и готви. За неа куќата е само куп проблеми, па за нив не сака да слуша. Ако и’ ја наметнете оваа тема, голема е веројатноста дека помалку ќе се дружи.

Рак

Под нејзината нежна мајчинска слика свекрвата родена во знакот на Рак се крие можеби еден од најстрашните ликови од Зодијакот. Со неа навистина нема шега! Каде ќе помине таа, тука повеќе трева не расне. Свекрвата со синот ќе има посебен однос – како од филмот на Хичкок „Птици“. Така што кога ќе се омажите покрај сопругот, ќе ја добиете и свекрвата.

Совет: Против оваа „напаст“ најлесно ќе се изборите така што ќе ја добиете нејзината доверба. Тогаш почнете да работите по свое.

Лав

Со случај свекрвата да ви е Лавица може само горко да заплачете. Кога таа ќе влезе во вашиот живот, вашите права ќе останат пред вратата. Таа не прашува, таа наредува. Со силни чекори ќе оди напред и нема да се сврти назад. Сепак, за утеха е дека таа не работи од злоба, тоа е нејзината природа. Затоа никако немојте да се повлекувате – ако вас еднаш ве стави „под чизма“ таму ќе останете засекогаш.

Совет: Веднаш спротивставете се и остро бранете ги своите ставови. Тоа ќе и’ даде знак дека со вас, сепак, треба малку поинаку да се однесува.

Девица

Со неа никогаш не е лесно. Таа толку педантна, чиста и прецизна, така што по само една недела ќе ве боли глава од неа. Ако бргу не се прилагодите, готови сте. За среќа, има вродена дискреција, па нема премногу да се меша во вашите работи. Но, ако таа смета дека треба да се замеша, (а, тоа е често) нема да можете да направите ништо: ќе ви ја пие крвта со сламка. И што е најчудно, со време и сами ќе поверувате во нејзините зборови. Таа плете мрежа околу вас и на крајот се’ ќе доведе според нејзините критериуми.

Совет: Единствен лек против неа е да сте доволно далеку – на Северниот пол на пример.

Вага

Оваа свекрва е една од најпрефинетите, но и најперфидните во Зодијакот. Секогаш е дотерана, нашминката и подготвена за изложба. На вас ќе забележи дека сте „некако неуредни“ и дека за нејзиниот син не водите баш сметка.

Совет: Игнорирајте ги нејзините нови костими, а на новата фризура немојте ниту да се осврнувате.

Шкорпија

Со свекрвата родена во знакот на Шкорпија не е лесно. На моменти е нежна и сака да помогне, а има моменти кога урива се’ пред себе. Нема да го штеди ни сопствениот син, а камоли вас кои сте и никој и ништо.

Совет: Со нема морате да бидете или пријател или непријател, но е далеку подобро да бидете првото, бидејќи во спротивно вашиот инат нема да заврши на добро.

Стрелец

Со неа никогаш нема да ви биде досадно. Може бескрајно долго да прераскажува за случувањата од целиот свет. Но, ќе знае кога треба да престане бидејќи ја цени вашата слобода. Има развиено чувство за правда.

Совет: За борбата со неа треба да бидете вистински психолог. Со оглед дека тие се весели и насмеани и светот го доживуваат како радост, слобода и среќа, зоборувајте и’ за ужасите и гадостите низ светот.

Јарец

Таа е силен, тежок и упорен противник. Воглавно е непобедлива. Тешко ќе и’ најдете слаба точка. А кога навистина ќе ви биде потребна помош во животот, она ќе притрча прва и со едноставни совети ќе го реши проблемот. Таа е мудра.

Совет: Ако сакате да ја поразите вознемирете ја. Речете и’ дека лошо изгеда и дека вам се чини дека со неа нешто не е в ред со неа. Тоа сериозно ќе ја „здрма“

Водолија

Свекрвите Водолии се весели луѓе. Ним им е сеедно  и не грижат многу за ред и закон. Нема да  се држат до редот во својата куќа, но нередот кај вас секогаш ќе го забележат. Повеќе ја интересираат проблемите јужноафриканските верверички, отколку што утре да готви. За неа најважна е слободата.

Совет: Немојте да и’ пречите и вашите односи ќе бидат добри. Ако имате намера да ја одалечите од себе, ќе мора да се одлучите за студена војна. Нејзиното оружје е хистерија и студен интелект.

Риби

Кога дома имате свекрва во знакот на Риби, тогаш можете да речете дека сте го обрале бостанот. Толку ги има разгалено своите деца, што и сега, кога пораснале и се во брак, ќе бараат мајчинска грижа – и тоа од вас! Благодарение на свекрвата Риби вие ќе имате сопруг кој ќе  се однесува како разгалено детиште, ќе сака појадок во кревет, секогаш испеглана облека и уреден ормар.

Совет: Ако живеете заедно ќе морате да станете нејзина копија. Се’ ќе мора да биде убаво и наместено за нејзиното синче биде крал на престолот. Ако сакате да се решите од неа, ќе останете  и без брачниот партнер.