Што го натера Макрон да го посети Белград

САД и Европската Унија не смеат да стојат острана и немо да ги следат најавите за обединување на Албанија и Косово.

Ова е реакциите на Руското МНР, според кое очигледни биле намерите за создавање на таканаречена  „Голема Албанија“., кои би довело до обновување на воените конфликти на Балканот.

Русите повторно се загрижени на безбедноста на Балканот по заедничката средба на владите на Косово и Албанија, по што беа потпишани бројни протоколи за формирање царинска унија, укинување на роамингот меѓу двете земји и постепено трансформирање на меѓусебната граници во така наречена  „течна зона“ за брз и проток на луѓе.

Дополнително на Москва и пречи повикот за обединување до 2025тата година.

Албански претставници уште пред неколку дена се до објаснуваа дека 2025тата година, како обединувачка, се споменала поради тоа што европската унија ја навела како можна за следното проширување со земји од Западен Балкан. Ваквите реакции на Руското МНР доаѓаат пред се поизвесното интензивно решавање на Косовскиот проблем.

Во тој контекст се гледа и на посетата на францускиот претседател Макрон, кон на почетокот на декември доаѓа во Белград. Тамошните медиуми пишуваат дека се очекува Макрон да поддржи „секоја идеја за разграничувањето, односно предлогот кој Србија ќе го изнесе како прифатлив за конечно решение на косовското прашање.“

За Даниел Сервер пак инсистирањето на брзо решение за Косово може да биде само контра продуктивно.

Тој оцени дека новата идеја на Тачи „за дефинирање на границите“ е подобра од идејата за „корекција или за етничка поделба“, а предложи и идеја за „демаркација на границите“.

Познато е каде е границата на Косово. Клучно прашање нема да биде нејзиното одредување, туку нејзината демаркација. Се разбира, кога станува збор за демаркацијата, секогаш е потребно да се смета на помали корекции, бидејќи границата не може да помине низ нечија дневна соба. На пример, Македонија и Косово тоа го направија и беше успешно и двете земји ги подобрија односите, изјави Сервер.

Тој оцени дека Косово и Србија не се блиску до договор, меѓу другото и поради царинските давачки за српските производи и апсењата на осомничените за вмешаност во убиството на Оливер Ивановиќ.