Моделот на чевли што мажите најчесто ги носат во голема мера говорат за нив и за нивните карактеристики.
Тој мора да биде духовит, секси, шармантен и галантен. На состанокот гледате како се однесува и што говори, но не заборавајте да го спуштите погледот и да обрнете внимание на чевлите. Ако не сте го сториле тоа досега, веднаш направете го, затоа што неговите чевли ќе ви кажат кои се неговите главни особини.
Ако носи елегантни чевли тогаш станува збор за отмен маж, што знае што сака. Но, ако станува збор за премногу впечатливи чевли, тогаш тој е само заводник што не може да се скраси само покрај една жена.
Ако носи мокасини, тогаш треба да знаете дека тој знае се за работата и за задоволството. Шармантен е и многу добро знае да го импресионира понежниот пол, затоа што заведувањето му е во крвта.
Најчесто мажите сакаат да носат апостолки затоа што во нив се чувствуваат најпријатно. Овие мажи никогаш не брзаат и не се оптоваруваат со детали и ситници. Таа нивна лежерност може да ви годи и да ве чува од непотребен стрес во врската. Но, исто така може да биде и голема пречка затоа што овие мажи често може да бидат површни.
Како и поголемиот дел припадници на посилниот пол, тој едноставно носи патики. Но ако носи патики што во моментов се во мода, тогаш станува збор за иновативен маж кој во животот секогаш копнее за нови и занимливи работи. За оние што бираат спортски патики карактеристична е опуштеноста. Многу се ретки ситуациите кога ваквиот маж е заинтересиран за нешто друго освен за телевизија и спорт.
Ако негов фаворит се старките, тогаш ќе знаете дека станува збор за вистински боем. Но, во внимавајте, мажите што носат старки се или големи шмекери во друштво што не сакаат да пораснат, или се работи за типови што се занесуваат со кои ретко ќе знаете на што сте.
Ако пак, за него сандалите се идеални обувки, затоа што се удобни и лесни, тогаш него едноставно не го интересираат трендовите. Таквите мажи се едни од оние подобрите, што ќе направат се за вас. Само внимавајте со сандалите да не носи чорапи.