Пратеникот Иван Стојиљковиќ во Фејсбук статус го коментира однесувањето на македонските провладини медиуми за нивното однесување за состојбата во Црна Гора и за односот кон режимот на Мило Ѓукановиќ.
Тој прашува зошто тоа е така и дали причината за тоа е поврзаноста на нашиот политички естаблишмент со мафијашките структури од Црна Гора, Албанија и привремените власти во Приштина во трговијата со дрога, бело робје и оружје?
-Мило отиде, знам дека нема да можете да го прежалите последниот балкански мафијаш и диктатор, но кај ќе одите Вие, сте размислувалеза тоа, зар не? Ако не сте, е па време е?-пишува Стоиљковиќ.