На крајот на оваа и на прагот на Новата година, Месечината ни подготви многу пријатни изненадувања. Еве што може да очекуваат хороскопските знаци од последната полна Месечина во годината што ќе ја имаме вечерва.
Полната месечина во Рак, на 25-ти декември 2015-тата ќе создаде совршена енергија за опуштање во интимен круг, за обновување на спомените, за уживање во храната и во топлината на заедницата. Се отвара сезоната за големо семејно собирање, кога треба да се најдат албумите со фотографии ида се подготви многу вкусна храна. Родените во знаците Јарец, Рак, Вага, Девица и Риба би можеле да подлегнат на празничен стрес затоа што сакаат да им угодат на сите.
Бикот, скорпијата и Лавот од здодевност ќе се препуштат во сензуално уживање во храната, бојата, мирисот и светлоста. Близнаците, Водолијата, Овенот и Стрелецот ќе се погрижат за доброто расположение и неуморно ќе смислуваат нови игри хранејќи се со пофалбите и љубовта на блиските.
Внимавајте и на овие фази на Месечината:
Втората четвртина на Месечината што ќе биде во Вага, на 2-ри јануари 2016-тата е знак дека треба да завршиме со се и да се тргнеме од она што не одвојува од партнерот.
Енергијата на Вагата е насочена на создавање согласност, посебно во односите. Со опаѓачката фаза на Месечината полесно ќе ги помириме разликите и ќе создадеме рамнотежа помеѓу сопствените и туѓите потреби. Вагата, водолијата и Близнаците инстинктивно знаат како да постигнат совршен компромис, колку да земат, а колку да дадат. Овенот, Лавот и Стрелецот сериозно и одговорно им се посветуваат на оние што ги сакаат.
Еве што би било добро да направите со практичната и делотворна енергија на полната Месечина во Јарец на 10-ти јануари 2016-та година: Да ги преиспитате сите новогодишни одлуки. Да отпатувате во планина. Да се помирите со минатото. Да го обновите односот со таткото. Да ја чувате вашата енергија така што ќе го работите само неопходното. Чекор по чекор да го испланирате остварувањето на вашата голема цел.
Јарците, Девиците и Биковите најлесно ќе се вратат на работните обврски. Раковите, биковните и Овните бараат можност за да го продлабочат празничното расположение. Стрелците и Близнаците ги преиспитуваат своите финансии, а Водолијата и Лавот ќе го преиспитуваат чувството на сигурнсот поврзано со работата. Скорпиите и Рибите профитираат од одамна завршените услуги за пријателите.