Стојкоски: Младите ќе бидат мојот најсилен партнер

Кандидатот за градоначалник на Општина Ѓорче Петров од ВМРО-ДПМНЕ, Александар Стојкоски во своите настапи честопати ја истакнува важноста на младите во креирањето на политиките за подобар живот во општината.

Вели дека токму тие ќе бидат неговиот најсилен партнер.

„Горд сум на новите генерации млади луѓе, прогресивни, желни за нови знаења и со големо чувство за општествена одговорност. Тие ќе бидат мојот најсилен партнер“, порачува Стојкоски.