Александар Стојкоски, кандидатот за градоначалник на ВМРО-ДПМНЕ за Oпштина Ѓорче Петров на својата Фејсбук страница објави дека остварил средба со ракометарките и стручниот штаб на РК Ѓорче Петров и најави поддршка кон младите и спортот.
– Поддршка кон младите и спортот, преку ракометот – спортот со кој и јас растев. Средбата со ракометарките и стручниот штаб на РК Ѓорче Петров – – ЖРК помина одлично. Среќа е да се гледаат овие млади успешни спортисти, со ентузијазам и ведар дух, кои го даваат максимумот на теренот, пишува тој.