-3.2 C
Skopje
сабота, декември 14, 2024

Стојкоски: Нема да има реваншизам, ќе се работи само во корист на граѓаните

Новиот градоначалник на општина Ѓорче Петров, Александар Стојкоски, истакна дека нема да дозволи да има реваншизам, туку ќе бара исклучиво ефективно и брзо работење во корист на граѓаните.

-Прво со вас, моите ѓорчепетровци, а потоа и на средба со вработените во Ѓорче Петров. Заедничка цел е да имаме најдобра општина во Македонија. Со работа, заедно со нив, почнуваме веднаш – нема повеќе чекање за решавање на проблемите, вели градоначалникот на општина Ѓорче Петров.

-На административците јасно им укажав дека од нив ќе барам брзо и ефективно работење, бидејќи вие тоа го барате од нас. Сакам задоволни граѓани, а тоа ќе биде заедничка цел, моја и на вработените! Но и задоволни вработени, бидејќи тоа е клучот на успехот, додава Стојкоски.