Стојкоски: Ѓорче Петров ќе биде белите дробови на Скопје, 20.000 м2 нови зелени површини со парк во секое маало

Ѓорче Петров да биде позелена и почиста општина се обврзува кандидатот за градоначалник на општината Ѓорче Петров од ВМРО-ДПМНЕ, Александар Стојкоски.

-Еден човек што сака, може да направи повеќе од илјада што мораат. Томе е ентузијаст и со скромни средства и помош од добри пријатели успеа да подигне илјадници садници на Гинко Билоба, лековито дрво, садници кои ги подарува и ја зазеленува општината Ѓорче Петров. Замислете само кога овој човек би добил поддршка и овој негов проект би се станал проект на заедницата, во кој ќе се вклучат сите основни училишта и заинтересирани жители на општината. Ѓорче Петров ќе биде белите дробови на Скопје. Се обврзувам Ѓорче Петров да биде позелена и почиста општина, вели Стојкоски.

Во неговата програма тој се обврзува за над 20000 м2 нови зелени површини, парк во секое маало и реконструкција на централниот парк во Ѓорче.