-5.2 C
Skopje
понеделник, ноември 25, 2024

Стојкоски: Остануваме посветени за подобрување на условите за живеење во општината

Конференцијата „ЕУ за општините“ на која присуствувам денеска е одлична можност да се запознаам со програмите „ЕУ за општините“ и програмата за прекугранична соработка помеѓу Република Македонија и Република Албанија, напиша на Фејсбук градоначалникот на општина Ѓорче Петров, Александар Стојкоски.

-Евроамбасадорот Дејвид Гир ја потврди поддршката што Европската унија преку разни форми ја дава на општините. Општина Ѓорче Петров во моментов имплементира партнерски проект со општина Ново Брдо од Косово, за изведба на колектор и пречистителна станица во с. Орман во рамки на Програма за прекугранична соработка, финансирасна од ЕУ, истакна Стојкоски.

Остануваме фокусирани во оваа насока се со цел подобрување на условите за живеење во нашата општина, додаваат од таму.