Стојкоски повикува на сплотеност: Никој не успеал да победи народ и нема да не победат!

Драги пријатели, сограѓани, браќа и сестри, сплотени и единствени како никогаш до сега, сите заедно вечерва пред Влада, стои во Фејсбук статусот на Александар Стојкоски градоначалникот на општина Ѓорче Петров.

– НЕ, не по цена на нашиот идентитет…
НЕ, не по цена на нашата историја…
НЕ, не по цена на нашата иднина…
НЕ, не по цена на нашите основни човекови права за национална и јазична самоидентификација…
Никој не успеал да победи народ и нема да не победат, пишува тој.

Стојкоски додаде дека народот се крева затоа што Македонија е над се!

– Вечер СИТЕ пред Влада во 19 часот. Ова им го должиме на сите претходни и идни генерации Македонци, повика градоначалникот.