Кандидатот за градоначалник на Општина Ѓорче Петров од ВМРО-ДПМНЕ, Александар Стојкоски смета дека еден од најсериозните проблеми за кои постојано му укажуваат жителите на општината е сообраќајниот хаос.
„Во моментов се наоѓам во населбата ‘Даме Груев’ на крајот од улицата ‘Лука Геров’. Во мојата изборна програма во соработка со Градот Скопје, предвидено е решение за деценискиот проблем којшто го имаат жителите на овој дел од општината. Предвидено е продолжување на улицата ‘Лука Геров’, од населбата ‘Даме Груев’ кон Стопански двор, со што ќе се избегне сообраќајниот хаос, што во моментов го трпат жителите на населените места Ново село и Кисела јабука“, вели Стојкоски.
Во урбаниот дел од општината предвидена е изградба на два нови кружни тека од кој што првиот на влезот од општината Ѓорче Петров, односно на влезот во градот Скопје, и вториот кружен тек помеѓу булеварот „Македонска војска“ и улицата „Ѓорче Петров“.