Стојкоски : Создаваме нова иднина – Со проектот ,,Ѓорче Петров без кал, создаваме современи услови за живот во 21-от век

Општината претставува еден сервис на граѓаните која што треба да им пружи пристап на граѓаните и да ги задоволи нивните потреби, и ако сакаме да создадеме здрава општина потребно е воспоставување на здрава општинска администрација, истакна кандидатот за градоначалник на Општина Ѓорче Петров, Александар Стојкоски, во гостување на Телевизија Сонце.

Се обврза за реализација на еден капитален објект а тоа е Ѓорче Петров без кал, и со ова сакаме луѓето да имаат конечно современи услови за живот во 21 век.

Кандидатот за градоначалник на Општина Ѓорче Петров истакна дел од проектите за реализација а тоа се :

„Планираме изградба на еден нов голем парк во месноста Дексион, кај Јурија, наместо изградба на 55 метарски згради како што тоа го планираат СДСМ. Предвидуваме изградба на спортско рекреативен центар во населба Хром , со содржини на паркови, фудбалско игралиште и спортско рекреативен центар со фитнес зони, веднаш до фудбалскиот терен Млади Лавови“, рече Стојкоски.

Додаде дека предвидено е и санирање на дивата депонија кај Ново Село, изградба на над 20.000 квадратни метри и нови паркови на територија Општина Ѓорче Петров, а исто така предвидено е и регулација на коритото Лепенец во соработка со Градот Скопје.