Стојкова Серафимовска: Насила и со големо непознавање Царовска ја турка агендата на власта за наводни образовни реформи

Министерката за образование Мила Царовска насила ги бутка наводните образовни реформи, покажува големо непознавање од образовниот процеc и јасно се гледа агендата која се спроведува од страна на власта, оцени во четвртокот пратеничката од редовите на ВМРО-ДПМНЕ Велика Стојкова Серафимовска утрово во „Радио Лидер“, посочи дека

„Апсурдно е и сите овие постапки кои се случуват во моментов во министерството за образование, а кои Мила Царовска насила ги бутка, покажуваат само на едно големо непознавање на она што треба да биде вистинска образовна реформа и образовен процес“, вели пратеничката.

Порача дека овие наводни реформи кои немаат „ни глава ни опашка“ и, разбирливо, наишле на силен револт од страна на родителите и затоа има тешки неметодолошки постапки во однос на целото спроведување и целата идеја на образовната реформа.

„Царовска изјави дека учебниците би се напишале за еден месец, а секој наставник ако го прашате би ви кажал дека наставно помагало особено за основно образование е сериозно долг процес. Не можете во еден месец да се создаде учебник, има насоки кои треба да се следат и тоа да биде прегледано од психолог и од сите инстанци,тоа е непознавањето на Мила Царовска“, објасни Стојкова Серафимовска.

Истакна дека за една реформа е потребен многу долг и детален период, а веднаш по стапување на функцијата Царовска се зафати со реформи каде јасно се гледа нејзината агенда, прво образовната концепција којa сеуште не е завршена во собранието, а таа ја игнорира цела опозиција и цела интелектуална јавност во Македонија.