Велика Стојкова Серафимовска, пратеничка од ВМРО-ДПМНЕ во своето гостување во емисијата „Заспиј ако можеш“ зборуваше за сето она што и случува на Република Македонија од страна на Бугарија и потенцира дека пратеничката група на ВМРО-ДПМНЕ во Собранието се обидува да даде конструктивни предлози и решенија, но од другата страна не добиваат позитивен одговор и соработка.
– Нашата пратеничка група овој пат е навистина многу силна, интелектуално е надмоќна во моментов во Собранието. Се обидуваме да разговараме, се обидуваме да дадеме конструктивни предлози и решенија за проблемите, меѓутоа од другата страна не добиваме баш некој позитивен одговор, ниту пак волја за соработка, мора да се признае. Особено за ваквите теми мислам дека ни да се прозбори па и на колегите од мнозинството во овој момент им е јасно дека ова е апсурдно. Но ние изминативе 4 години гледаме дека се доведовме до период на преќутување, нај народски кажано ние ги премолчуваме сите работи кои ни поминуваат низ прсти, сето тоа под некоја „добра“ волја нели за да влеземе во ЕУ. Еве деновиве ја читав изјавата на Вучиќ кај што вели да ние ќе го признаеме Косово меѓутоа нема да добиеме ништо за возврат, епа нашите политичари не излегоа таа изјава да ја дадат, барем да бидат искрени дотолку, посочи пратеничката.
Стојкова Серафимовска во своето гостување додаде и во Собранието пратеничката група на ВМРО-ДПМНЕ како опозиција е многу силна и се обидува да даде една поинаква димензија на Собранието, да го подигне малку нивото и да види народот дека не е тоа како што било претходно, но кога немате дијалог и кога има на сила изгласување на сила закони на било што, тука на опозицијата и се врзани рацете.