Таа продолжи и додаде дека Република Македонија е во женски род и е една територија на која жената секогаш има посебно место во митологијата, традицијата и културата.
„Професорката веќе ги доби потребните потписи од пратениците, таа има повеќе од потребното, имено 44 пратеника се потпишаа. Јас ја почитувам професорката кога таа кажа дека сака да биде еднаква со другите кандидати и ќе собираме и потписи. Верувам дека тие потписи ќе се соберат многу брзо“, истакна Стојкова Серафимовска.
Таа верува дека професорката Гордана Силјановска Давкова уште во првиот круг ќе покаже кој ќе биде идниот претседател односно идната претседателка на Република Македонија.
„ВМРО-ДПМНЕ е зрела партија која знае да препознае дека во овој момент навистина ни треба мајка. Тргнувајќи од сите овие случувања во Собранието и надвор од Собранието значи паѓањето на сите лаги и излегувањето на вистината на виделина, она што го говоревме уште во 2016, 2017 кога ние бевме заедно на протестите на „Заедничка Македонија“ кога говоревме што ќе се случува и кога зборувавме дека ќе се случи тоа. Понатаму во 2020-та година луѓето сеуште мислеа дека има надеж дека сега ќе влеземе во ЕУ, ама што ЕУ? Нити влеговме во ЕУ, нити ни се подобри стандард, нити нешто се случи подобро, напротив тонеме, одиме се подоле и подоле“, кажа Стојкова Серафимовска.
Стојкова Серафимовска заклучи дека Силјановска едноставно е лидер и достоинствено ќе ја претставува Македонија на секој план.