-0.2 C
Skopje
петок, јануари 17, 2025

Стојковски: Во образованието не смее повеќе да се случува импровизација

-За жал како и се останато во овие 5 години, со СДСМ е само импровизација, што не смее да се случува во образованието и во училиштата, изјави предметниот наставник Никола Стојковски на денешната трибина организирана од ВМРО-ДПМНЕ, насловена „Стартот на учебната година со старо нови предизвици и нерешливи проблеми“.

Стојковски посочи дека електронскиот дневник е уште едно импровизирање.

„Во однос на електронскиот дневник, уште едното импровизирање, нели беше најавено како реформа во која ќе ја олесни административната работа на наставниците со цел наставниците да се посветат на примарното т.е. да ги мотивираат учениците да бидат креативни, да се посветат на планирањето и наставата“, рече тој.

Тој посочи дека за жал ние сега имаме една ситуација каде електронскиот дневник треба да го ископираат, да го стават во кластер, буквално истата работа ја прават, што ја правеле и со пишаниот дневник, само уште покомплицирано.

„На електронскиот дневник се случуваше ние да внесеме, а кога е преоптоварен тој ги меша учениците по реден број, па тука настанува проблем за внесување во главна книга. Значи еден тотален хаос и повторно само една импровизација“, кажа Стојковски.

Тој потенцираше дека од наставниците се бара да имаат повеќе компјутерска опрема, да користат компјутери, таблети итн, а притоа не се прави анализа по училиштата дали имаат адекватни училници, простории, дали имаат интернет дали тоа може да биде во функција на учениците, а да не биде само импровизација.