Според многумина за летните денови водата е најдобар избор, но сепак постојат и такви што посегнуваат по пијалаци што само ја „камуфлираат“ жеддта.
Е ве што не треба да пиете кога надвор е вистински пекол.
Веќе е јасно дека за време на летните горештини посебно е важно да внимавате на хидратацијата на телото. Лекарите советуваат да пиеме доста течности, но не е сеедно што ќе пиеме.
Иако не чувствувате жед, потребно е почесто да се пијат помали количества течности кога сте жедни затоа што телото веќе делумно е дехидрирано. А она што го пиеме во голема мера влијае на нивото на хидратација на нашето тело.
Правило број еден е да ги избегнувате газираните пијалаци бидејќи тие дополнително ве дехидрираат. Лекарите во последните години посебно предупредуваат на опасноста од зачестено консумирање газирани пијалаци, бидејќи предизвикуваат прекумерна тежина, дијабетес тип 2, кардиоваскуларни проблеми…
Исто така треба да се избегнуваат и алкохолн ите пијалаци. Општо познато е дека тие дополнително го дехидрираат нашето тело.