Што сакаат жените: 10 тајни кои секој маж треба да ги знае

Прво да расчистиме една работа: жените не се најкомплицираните суштества на светот.

Секако дека имаат свои желби и барања, но само доколку обрнеме малку повеќе внимание на тоа што ви го кажуваат ќе можете многу полесно да ги сфатите.

А, секако тука сме и ние да ви помогнеме во откривањето на нивните тајни желби.

Фокус или присуство

Бидете целосно присутни. Дозволете токму тој момент, токму тогаш, да биде единственото нешто кое се случува во целата вселена. Иако тоа ќе трае само за момент, чувствата кои тој момент ќе ги разбуди ќе траат многу долго потоа.


Забележување или обрнување внимание

Кога ќе забележите дека нешто им се допаѓа жените се чувствуваат забележано и среќно бидејќи водите сметка за нивните желби. Новата фризура, колку убаво изгледа во новите панталони, или тагата на нејзиното лице кое покажува колку и е потребна прегратка, сето тоа се мали знаци кои ќе направат таа да се чувствува горда, среќна и благодарна што ве избрала токму Вас.


Покажување благодарност

Кога на жената ќе и ставите до знаење дека сте благодарен што помеѓу сите мажи на светов ве избрала вас, нејзиното срце започнува да чука посилно. Кога ќе и кажете дека ви е мило што легнувате со неа и се будите со неа или сте горди на тоа како се грижи за домот и децата, ја правите најсреќната жена на светот.

Доверба

Никогаш не ги потценувајте жените! Кога ви кажуваат дека сакаат да преземат контрола навистина го мислат тоа. Кога ви оставаат вие да направите избор, прифатете го тоа како знак на целосна доверба која ја очекуваат и од вас.

 Ранливост

Тоа што ќе ја покажете вашата ранливост пред жената која ви значи во никој случај нема да го смени нејзиното мислење за вас. Покажувањето ранливост само ќе нарави таа да се грижи уште повеќе за вас, прифаќајќи го покажувањето ранливост како совршен знак на доверба.

Тајна желба #6 – Искреност и транспарентност

Ако вие сте подготвени на искреност, бидете сигурни дека тоа ќе го добиете и за возврат. Во моментот кога ќе ја добиете нејзината целосна доверба таа ќе ви се препушти без било какви ограничувања, како во животот така и во креветот.


Соочување со стравови

Стравовите се составен дел од животот и се појавуваат кога најмалку ги очекувате. Независно дали се работи за стравовите со кои се соочувате вие или таа, она што таа го очекува од вас е да не се предадете и да се борите заедно.


Научете да ги читате знаците кои таа ви ги дава

Независно дали тоа е во креветот или надвор од него, обратете внимание на сите невербални знаци кои ги добивате од неа и внимавајте на начинот на кој одговарате. Не постои правилник за однесување во животот, па затоа треба да научите да ја читате а потоа одговорите ќе си дојдат сосема природно.


Споделување на одговорности

Во сексот тоа се однесува на безбеден секс и водење сметка за заедничко задоволство. Во секојдневниот живот тоа значи заедничка грижа за децата, заедничко донесување одлуки, заедничко одржување на куќата. Споделувањето на одговорностите понекогаш значи преземање на контрола над ситуацијата, или дозволување таа да го направи тоа.


Одржувајте ја љубовта и вложувајте во неа

Дури и во моментите кога сте лути и надвор од себе сетете се дека целата таа лутина всушност се темелни на фактот колку многу ја сакате. Истото важи и за неа, во моментите кога е исплашена, повредена или уморна таа сè уште стои пред вас и не оди никаде бидејќи длабоко во себе нејзината поврзаност со вас е многу посилна од стравот и нервозата.