Што се случува внатре во вашето тело кога вежбате?

На блогот на Mammoth Hunters е објавен инфографик кој покажува што точно се случува во вашето тело за време на вежбање.

koga-vezbate

Од моментот кога ќе започнете да се движите телото почнува да се адаптира на физичката активност и станува подобро кога следниот пат ќе ги изведувате истите движења. Мозокот ослободува ендорфин, а мускулите, како и срцевиот мускул, стануваат посилни.

До 24 часа по вежбањето мускулите ќе продолжат со согорување на глукозата со млечната киселина без потреба од инсулин, поради ова кај оние што редовно вежбаат за 60 отсто се намалува ризикот од дијабетес.

Со еден збор секојдневното вежбање ќе ви овозможи да ги согорите мастите, да ја подобрите концентрацијата (па затоа подобро се учи по тренинг), а едорфините ќе ве направат релаксирани и неколку часа подоцна.

Што да консумирате по тренингот? Вода, банани и протеини.