Што ви носи Јупитер во Девица до 9-ти септември?

Вага

Позициите на вашата владетелка Венера и на Јупитер во астролошката куќа на тајните, навестуваат страствена средба со личност што најверојатно е зафатена. Парите ќе пристигнуваат преку паралелни или хонорарни работни места.

Скорпија

Аспектите на владетелот на вашиот знак ве предупредуваат да избегнувате расправии со партнерот, особено ако сте во брак или во долга врска. Би требало да бидете повнимателнидоколку планирате соработка со странци, особено ако се работи за вложување пари.

Стрелец

Аспектите на вашиот владетел Јупитер во астролошката куќа на кариерата најавуваат можност за обнова на соработката со странците, но избегнувајте купопродажба на недвижности. Однесувањето на партнерот може да биде причина за расправии со него.

Јарец

Конјукцијата на вашиот владетел Сатурн и Марс во напнатиот аспект со Јупитер ве предупредува да обрнете повеќе внимание ако планирате обнова на соработката со странците. Ќе бидете успешни ако сте уметник, спортист или научник.

Водолија

Обрнете повеќе внимание на изјавите, особено ако се занимавате со професија поради која сте присутни во јавноста. Аспектите со Јупитер предупредуваат да избегнувате непотребни трошоци и ризични финансиски трансакции.

Риби

На некој пократок пат можете да запознаете некоја мошне шармантна личност на која што тешко ќе можете да и’ одолеете. Предизвикувачкиот аспект меѓу владетелот на вашиот знак Нептун и Јупитер, најавуваат можност за напредување во кариерата.